Празници се ближат-креативна работилница


ОУ Кочо Рацин - Охрид
Наставник:  Силвана Крстеска                                                   датум: 27.11.2014
Предмет: Математика
Одделение: VII/9
Наставна тема: Триаголник и паралелни прави
Наставна содржина: ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: Вежби за центар на опишана кружница и осна симерија ( ЕКО – проект и ПРЕТПРИЕМНИШТВО )

Тип на час


Наставни форми
Наставни средства и помагала
1. Обработка на нова наставна содржина
2. Вежби
3. Комбиниран
4. Повторување, утврдување, тестирање, проверување
1. Фронтална
2. Групна
3. Во парови (тандемска)
4. Индивидуална
5.____________________
6.____________________

1. ИКТ
2. Учебник
3. Табла
4. Наставни ливчиња
5. ____________________

Наставни методи
Наставни техники
1. монолошки метод
2. дијалошки метод
3. илустративен метод
4. демонстративен метод
5. метод на практична работа
6. метод на експериментирање
7. метод на истражување
8. учење преку проект
9. учење преку решавање проблем
10. претприемничко учење
11. разговор
12. презентација
13. дискусија
14. проверување на знаења со објективен тест на знаења

1. бура на идеи
2. круг
3. дневник во две колони
4. техника на интервју
5. конструирање на мисловни мапи
6. сложувалки
7. загатки, игри
8. грозд техника
9. играње улоги
10. сумативно оценување
Корелација: со други теми од математиката

Цели на часот:
§  Дефинира и одредува центар на опишана кружница во триаголник
§  Разликува каде се наоѓа центарот на опишаната кружница кај остроаголен, правоаголен и тапоаголен триаголник
§  Знае дека четирите карактеристични точки во рамностран триаголник се наоѓаат во една иста точка
§  Дефинира и црта осна симетрија на точки
§  Дефинира и препознава осносиметрични фигури
§  Црта оски на симетрија кај осносиметрични фигури
§  Самостојно да решава практични задачи
Организација на наставниот час:
Воведно ангажирање:
Активности на наставникот:
Наставникот ги дели учениците во 5 групи и ги најавува целите на часот, а  потоа поставува прашања: Кој триаголник се нарекува рамностран триаголник? Како се одредува центар на опишана кружница? Каде се наоѓа центарот на опишана кружница кај рамностран триаголник? Што се случува со ортоцентарот, тежиштето, центарот на впишана и опишана кружница кај рамностран триаголник? Кои фигури се осносиметрични? Дали рамностраниот триаголник е осносиметрична фигура? Колку оски на симетрија има рамностраниот триаголник, а правоаголникот и квадратот?
Истражување:
Активности на наставникот:
Во продолжение на часот наставникот им објаснува на учениците дека ќе работат на практични задачи во кои со примена на своите знаења за опишана кружница и осна симетрија ќе изработуваат ѕвезди и икосоедри. Секоја група добива работна задача во која се дадени упатствата за двете практични задачи. Во првата практична задача учениците кои се по 4 во група се делат во парови и применувајќи ги знаењата за осна симетрија изработуваат ѕвезди. Во втората работна задача учениците најпрво работат индивидуално, а потоа се здружуваат заедно по 4 како група и изработуваат икосоедри.
Дискусија:
Активности на наставникот:
Дискусија со учениците за опишана кружница кај рамностран триаголник и осносиметрични фигури.
Примена:
Активности на наставникот:
Украсување на училницата со изработените ѕвезди и икосоедри. Корелација со ЕКО проект во реупотреба на хартија. Примена на претприемништво во формирање на цена на изработката со пресметување на употребен материјал и работна рака.   
Воведно ангажирање:
Активности на ученикот:
Индивидуално одговараат на поставените прашања и практични задачи.
Истражување:
Активности на ученикот:
Учениците ги изведуваат барањата од страна на наставникот зададени на работните листови, одговараат на поставените практични задачи, меѓусебно се помагаат.
Дискусија:
Активности на ученикот:
Дискутираат со наставникот, ги повторуваат стекнатите знаења и истите практично ги имплементираат.

Примена:
Активности на ученикот:
Украсување на училницата со изработените ѕвезди и икосоедри. Формирање на цена на изработката со пресметување на употребен материјал и работна рака.   
Средства и постапки за вреднување:
1. дискусија
2. прашања
3. наставно ливче
4. тест на знаење
5. прашања и задачи за самооценување
Забелешка од реализација на часот:




РАБОТНА ЗАДАЧА 1

1.    Во рамките на својата група поделете се во парови.
2.    Секој пар земете по еден лист од хамер А4 формат. Превиткајте го листот на половина по оската на симетрија повлечена низ средината на подолгата страна на правоаголникот.
3.    Поделете го листот на половина. Секој од вас нека земе по една половина од листот.
4.    Од листот исечете квадрат со најголема површина.
5.    Повлечете ги сите оски на симетрија на така добиените квадрати.
6.    Внимателно превиткајте го квадратот по сите оски на симетрија.

7.    Пресечете ги до половина хоризонталната и вертикалната оска на симетрија.

8.    Превиткајте ги деловите според сликите

9.    Внимателно залепете ги краевите.

10. Со твоето другарче добивате по половина ѕвезда на која убаво се издефинирани оските на симетрија.

11. Залепете ги двете половини како што е покажано на сликата.

РАБОТНА ЗАДАЧА 2

1.  Секој од вас добива по пет квадрати. Во секој квадрат нацртај рамностран триаголник со страна a=6cm, а потоа опиши кружница околу него.
2.  Исечи го кругот по нацртаната кружница
3.  Внимателно превиткај ја хартијата по страните на рамностраниот триаголник.
4.  Залепете најпрво 10 рамнострани триаголници во низ, а потоа пет од горната страна, а пет од долната страна.
 
 
ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ


Изработка и продавање на новогодишни украси ѕвезда и икосоедар ( топка)
Цели на активноста:
·         познава основни видови на трошоци;
·         поседува менаџерски дух, способност за претприемништво и конкурентност во светски рамки.
·         објаснува поими цена на чинење, продажна цена и профит;
·         применува во решавање на проблем цена на чинење, продажна цена и профит;


ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ

Изработка и продавање на новогодишни украси ѕвезда и икосоедар ( топка)
-Колку денари чини материјалот за изработка?
-Да ја формира продажната цена.
-Колку денари има заработка?

ФОРМИРАЊЕ ПРОДАЖНА ЦЕНА ЗА НОВОГОДИШНА ЅВЕЗДА



Колку денари чини материјалот за изработка? Хартија _____________денари, лепак ____________денари, работна рака________________ денари.  Продажна цена _____________________ денари. Заработка __________________ денари.


ФОРМИРАЊЕ ПРОДАЖНА ЦЕНА ЗА НОВОГОДИШНА ТОПКА


Колку денари чини материјалот за изработка? Хартија _____________денари, лепак ____________денари, работна рака________________ денари.  Продажна цена _____________________ денари. Заработка __________________ денари.



















No comments:

Post a Comment